2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСтартуваше фестивалот „Албански театар во Македонија“

Стартуваше фестивалот „Албански театар во Македонија“

al teatar

Во Центарот за култура во Дебар во петокот навечер стартуваше 14-то издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“.

Фестивалот го прогласи за отворен градоначалникот на Дебар, Ружди Лата кој истакна дека Дебар го сака театарот и затоа фестивалот опстојува 14 години. Поздравен збор имаше и директорот на фестивалот, Илбер Нуредини кој нагласи дека фестивалот го поддржуваат финансиски Министерството за култура, Општина Дебар и Дебарски бањи – Цапа.

Тој побара од Министерството за култура на Македонија повеќе средства за овој фестивал.

Првата вечер на фестивалот се претстави Кумановскиот театар со драмската претстава „Бодигарди“ од авторот Џон Годберг во режија на Жазмедин Нуредини. На фестивалот учествуваат шест драмски престави од Тетово, Куманово, Приштина, Прешево и Тирана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП