22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвробарометар: Граѓаните на ЕУ во голема мера се незадоволни oд финансиите

Евробарометар: Граѓаните на ЕУ во голема мера се незадоволни oд финансиите

EU-FUNDS-1

Според последната анкета на „Евробарометар“, спроведена од страна на Европскиот парламент, покажа дека поголемиот дел од граѓаните на ЕУ сметаат дека нивната финансиска состојба во последните две години воопшто не е променета, или станала нешто полоша.

Во анкетата во која учествувале 28.150 граѓани од земјите на ЕУ постари од 15 години, покажа дека 35 отсто од испитаниците сметаат дека нивната финансиска состојба моментално е иста како што била пред две години, додека 26 проценти од нив наведуваат дка таа е полоша оттогаш, се наведува во извештајот кој е објавен на страната на Парламентот.

Според резултатите од анкетата, 21 процент од граѓаните сметаат дека нивната финансиска состојба е нешто подобра од пред две години, додека 14 отсто од испитаниците наведуваат дека финансиската состојба им е полоша оттогаш.

Најнезадоволни се граѓаните на Грција, од кои 90 посто рекле дека нивната финансиска состојба е значително полоша, а по нив следат жителите на Кипар (68 отсто) и Португалија (60 проценти).

На прашањето каква финансиска ситуација очекуваат во следните две години, најголемиот број од испитаниците, од нив 38 отсто, наведуваат дека финансиите ќе им останат непроменети, додека 28 проценти од анкетираните веруваат дека ќе им биде нешто подобра отсега.

Од друга страна, 18 отсто сметаат дека финансиската состојба ќе им се влоши, додека седум проценти веруваат дека ќе биде значително полошо.

Најоптимисти се граѓаните на Ирска, од кои 53 проценти веруваат дека финансиската состојба ќе биде подобра, додека во Британија тоа го мислат 51 отсто од испитаниците, а во Шведска 50 посто.

Од друга страна, најпесимистички настроени се жителите на Грција, Бугарија и Италија, каде во подобра финансинска иднина веруваат само 12, 17, односно 20 проценти од жителите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП