Компанијата, односно музичкиот сервис „Deezer“ кој во Франција е лидер во директното слушање на музичките содржини, започна процес за излегување на берзата со цел да ја консолидира својата позиција на многу конкурентниот пазар.

„Тоа воведување на берзата е клучниот момент во историјата на бизнисот на „Deezer“, што ќе ни овозможи да ја консолидираме нашата позиција како независен пазарен лидер во аудио стримингот и да ја изнесеме нашата понуда до поголем број на музички фанови ширум светот“, изјави генералниот директор на компанијата, Ханс Холгер Аблерт.
„Излегувањето на берзата ќе ни овозможи забрзан економски раст и продолжување на нашата главна улога во музичката револуција која се отвора благодарение на стримингот“, наведе Алберт во соопштението кое го пренесе Ројтерс.