18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчкиот парламент усвои нови строги мерки за штедење

Грчкиот парламент усвои нови строги мерки за штедење

grcija parl22

Осум дена по гласањето за доверба на втората левичарска влада на премиерот Алексис Ципрас, грчката владејачка коалиција усвои ноќта кон саботата нови „болни“ строги мерки за штедење кои се договорени со меѓународните доверители кои овозможуваат Грција да го добива третиот странски пакет финансиска помош.

За законот со кој се предвидуваат нови кастрења во пензиите и зголемување на даноците гласаа 154 од вкупно 300 пратеници, односно од левичарската коалиција Сириза на премиерот Алексис Ципрас и нејзиниот коалициски партнер, десничарската Независни Грци (Анел) на Панос Каменос.

Целата опозиција, од комунистите до неонацистите од Златна зора, гласаа против законот во целост, иако некои пратеници одобруваа различни амандмани, особено во областа на реформите на пензискиот систем.

Ова гласање беше првиот вистински тест за владата на Ципрас која ја доби довербата од парламентот минатата седмица по предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 20-ти септември, на кои неговата партија Сириза победи по вторпат за осум месеци.

Во текот на изминатата ноќ неколку илјади луѓе протестираа во центарот на Атина против усвојувањето на овој строг закон и против реформите. Повеќето се одѕваа на повикот на комунистичката партија, а другите, неколку стотици на повикот на синдикатот на државните службеници Адеди.

Со усвоениот закон се спроведуваат и пошироките мерки кои беа усвоени кон средината на август во парламентот, кои произлегуваат од договорот со меѓународните доверители од 13-ти јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП