21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведска е на пат да стане првото безготовинско општество во светот

Шведска е на пат да стане првото безготовинско општество во светот

kruni svetska

Има очигледен недостиг на парични средства по улиците на Шведска. Толку се поприсутни дигиталните плаќања во земјата, така што секој кој ќе се обиде да изврши трансакција со пари во шведска банка, може да предизвика сомнителни погледи или јавување во полиција.

Така барем смета Никлас Арвидсон, професор на KTH Royal Institute of Technology со седиште во Стокхолм.

Арвидсон кој специјализира во индустриската економија и менаџмент, открива во своето неодамнешно истражување дека Шведска е на пат да стане првото општество во светот во кое ќе нема кеш пари.

Тој го придава исчезнувањето на шведските банкноти на посветеноста на земјата кон новите технологии, растот на мобилните системи за плаќање, како и на владините системи против корупцијата, што им помага на граѓаните да се чувствуваат сигурни со електронските пари.

„Употребата на готовина тука е слаба и брзо исчезнува“, вели Арвидсон. Податоците за промет на „Riksbank“ (централната банка на Шведска) го докажуваат неговото тврдење.

kruni svetska1

Веќе неколку години земјата всушност се приближува кон безготовинскиот систем. Се повеќе нешта – од автобуски билети до улични списанија, можат да се купат со дигитални трансакции. Шведската трговска федерација исто така тврди дека земјата е „светски лидер во безготовинска трговија“.

Но, податоците од Европската централна банка покажуваат дека Швеѓаните, иако се ентузијасти во однос на банкарските картички и дигитални исплати, се уште редовно повлекуваат доста пари од банкоматите. Проучвањето од „Riksbank“ покажуваат дека при трансакции за под 100 круни, 41% од луѓето се уште преферираат да користат готовина.

А шведската национална организација на пензионерите, која претставува околу 400.000 од возрасните луѓе во земјата, вели дека 7% од нејзините членови дури не користат банкарски картички.

Пречките кои се пред трансформирање на земјата во целост безготовинска држава, се големиот удел на измами, непријатностите во однос на личните електронски „отпечатоци“, сигурноста и проблемот со сместувањето на туристи. „The Guardian“ објави дека безготовинскиот шведски музички фестивал ова лето предизвикал хаос кога платниот систем се распаднал.

Самиот Арвидсон признава дека Шведска може никогаш нема да стане целосно безготовнска држава. Позната сентименталност секогаш ќе биде обврзана со банкнотите на земјата, дури и ако луѓето не сакаат всушност да ги користат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП