9 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРечиси половина од Германците против трговското партнерство со САД

Речиси половина од Германците против трговското партнерство со САД

0,,18391712_303,00

Речиси една половина од Германците се противи на предложениот трговски договор меѓу Европа и САД, речиси двојно повеќе во однос на февруари 2014 година, покажа најновата анкета на истражувачката куќа Emnid.

Анкетата доаѓа една недела по протестите во Берлин против Трансатлантското трговско и инвестициско партнерство (TTIP), на кои се собраа околу 150.000 лица, пренесува Ројтерс.

Во минатогодишната слична анкета, само 25 проценти од испитаниците изразија загриженост во врска со TTIP, најголемиот светски трговски пакт за кој во моментов се преговара.

Во новата анкета, 46 проценти од Германците навеле дека пактот е лоша работа, а поддршка за договорот се намалила од 39 проценти во февруари минатата година на 34 проценти.

Противниците на договорот сметаат дека тој ќе ја загрози демократијата, здравјето на европската економија, безбедноста на потрошувачите и еколошките стандарди.

Компаниите, од другата страна, се надеваат дека TTIP, кој ќе креира пазар од 800 милиони луѓе, ќе донесе економска корист поголема од 100 милијарди долари за двете страни на Атлантикот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП