2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономски раст од 4,5 проценти во Мароко

Економски раст од 4,5 проценти во Мароко

rast-ekonomija

Економијата на Мароко забележа раст од 4,5 проценти во третиот квартал од 2015 година, по растот од 4,3 проценти во текот на претходниот квартал, благодарение на растот на земјоделското производство, соопшти Високиот комесаријат за планирање (HCP).

Производството на житарки порасна за 64 проценти, што влијаеше на растот од 16,6 проценти од вкупното земјоделско производство, по растот од 14,9 проценти само во текот на вториот квартал.

Мароко соопшти дека има рекорден принос на житарки оваа година од 11 милиони тони, благодарение на доволното количество на врнежи. Земјоделството претставува повеќе од 15 проценти од БДП на земјата.

Истовремено, трговскиот дефицит на Мароко е намален за 7,9 проценти поради падот на цените на нафтата на меѓународниот пазар и растот на мароканскиот извоз, пренеусва АФП.

Централната банка на Мароко и владата прогнозираа економски раст за 2015 година од пет проценти, додека HCP предвидуваат раст не поголем од 4,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП