19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот Јолевски ги повика младите да се пријават на огласот за пилоти...

Министерот Јолевски ги повика младите да се пријават на огласот за пилоти во АРМ

јолевски

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски во текот на презентацијата на петтата генерација слушатели во Центарот за обука на пилоти во петокот ги повика сите граѓани на Република Македонија, кои имаат завршено високо образование, говорат англиски јазик и се помлади од 28 години да се пријават на конкурсот за обука на пилоти.

Оние кои ќе го поминат селективниот процес воден од искусни пилоти-инструктори од Израел ќе имаат можност да добијат висококвалитетна обука и да станат пилоти на Армијата на Република Македонија.

„Пред нас се талентирани и внимателно селектирани кандидати, кои во Центарот за обука на пилоти на Армијата на Република Македонија во следните 18 месеци ќе имаат обука која ќе ги направи високо професионални пилоти, спремни за сите предизвици кои со себе ги носи пилотскиот позив“, истакна минситерот Јолевски обраќајќи им се на кадетоте

На презентацијата говореше и директорот на Центарот за обука на пилоти, Јаари Шрага, кој го истакна потенцијалот што го има овој современ, модерен Центар за обука. Тој им посака на новите кадети успешна и безбедна обука на нивниот пат да станат пилоти.

Полковник Томас Батлер, дбранбено аташе на САД акредитиран за Република Македонија, пред присутните гости и претставниците на медиумите информираше дека Македонија е поканета да номинира млади луѓе да конкурираат како меѓунарoдни студенти за слободните места на Академијата на воздухопловни сили на САД во Колорадо Спрингс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП