26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Прилеп одржана трибина со слоган „Одбиј работа на црно“

Во Прилеп одржана трибина со слоган „Одбиј работа на црно“

prilep-konferencija

Во просториите на градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп се одржа трибина насловена како „Одбиј работа на црно“. На трибината учество земаа средношколци од трета и четврта година кои според организаторот се првите кои се појавуваат на пазарот на трудот.

Единствената цел на овој проект е едукација за тоа како идните млади потенцијални работници да ги препознаат замките во сивата економија.

„Одбиј работа на црно“ е проект кој минатата година го започнаа Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Агенцијата за вработување и Националната федерација на агенциите за привремени вработувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП