5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата близу 50 долари

Цените на нафтата близу 50 долари

nafta 83

Цените на нафтата се стабилизираа денеска на меѓународните пазари близу нивото од 50 долари, балансирајќи меѓу охрабрувачките економски податоци од САД и загриженост за прекумерното снабдување.

На лондонскиот пазар цената на барелот за испораките во декември незначително порасна во однос на затворањето на тргувањето во четвртокот и изнесуваше 49,98 долари. Во четвртокот беа затворени договорите за испораките во ноември, во минус од 44 центи во однос на средата, на 48,71 долар.

На американскиот пазар, пак, со барел сирова нафта со договорите за испораките во ноември се тргуваше по 38 центи повисока цена во однос на затворањето на трговскиот ден во четвртокот, на 46,76 долари.

Организација на извозничките на нафта (OPEC) објави дека цената на барел од референтната кошница нејзина нафта во четвртокот изнесуваше 45,05 долари, што значи дека останала речиси непроменета во однос на претходниот ден од тргувањето.

Пазарот на нафтата во петокот ја црпеше поткрепата од доброто расположение на пазарите на акциите предизвикано од охрабрувачките податоци од САД. Владините податоци покажаа дека бројот на новите барања за исплата на надомест за невработеноста се лизнал минатата седмица на најниското ниво во последните 42 години, сигнализирајќи стабилен пазар на трудот во најголемата светска економија, и покрај слабиот извештај за вработувањата во септември.

Позабележителниот раст на нафтениот пазар го запре сепак загриженоста поради прекумерното снабдување, која според новите процени на Меѓународната агенција за енергија (IEA) би требало да се продолжи и во текот на следната година.

Аналитичарот на „Societe Generale“, Жазпер Данесби смета дека цените на нафтата веројатно и следните месеци ќе се движат во тесен интервал. „Сметаме дека нема многу простор за дополнително намалување на осигурителните трансакции со коишто вложувачите се штитат од изразениот пад на цените, освен во случај на големо геополитичко случување“, толкува за Reuters.

Трговците со големо внимание ќе го следат и виенскиот состанок на техничките стручњаци на OPEC, закажан за 21-ви октомври, поради евентуалните сигнализирања за промена во ставот за нивото на производство, имајќи ги предвид придушените цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП