28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПисмо на Моцарт продадено за 217.000 долари

Писмо на Моцарт продадено за 217.000 долари

pismo-mocart

Писмо на славниот композитор Волфганг Амадеус Моцарт испратено до австрискиот пријател, познатиот ботаничар Николаус Јосиф фон Жакуен, е продадено на надавање во САД за 217.000 долари.

Во писмото пишувано на германски јазик и без датум, а се претпоставува дека е напишано во јули или август 1786 година, Моцарт од својот пријател фон Жакуен бара преку кочија да му врати три партитури.

„Ве молам да би ги вратите квартетот во Г-мол, сонатата во Ес-дур и новото трио во Г-дур“, пишува, меѓу другото, музичарот.

Станува збор за партитурите „Квартет за калвир бр1 во Г-мол“, „Сонати за клавир и виолина во Ес-дур“ и „Трио за пијано, виолина и виолончело во Г-дур“. Квартетот и Соната се компонирани во 1785, а трио е завршено на 8-ми јули 1786 година, што значи дека писмото е напишано кусо пред тоа, појаснија од аукциската RR Auction од Бостон.

Купувачот на партитурите е колекционер од источниот брег на САД, соопшти претставникот на аукциската куќа Боби Ливингстон, истакнувајќи дека вкупната вредност со даноците ќе достигне 296.000 доалри.

Моцарт, чудото од дете на неговото време, а подоцна еден од најголемите музички гениј, роден во Салцбург во 1756 година, а умрел само што навршил 356 години. Го сметаат за еден од најголемите композитори во историјата на класичната музика, а неговите опери, симфонии, концерти, коморна и сакрална музика, имале силно влијание врз композиторите на класичните музички дела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП