13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕден од четири Европејци во ризик од сиромаштија или социјална изолација

Еден од четири Европејци во ризик од сиромаштија или социјална изолација

homeless-jobless

Новото истражување покажува дека во изминатата година 122 милиони луѓе од населението на ЕУ се изложени на ризик од паѓање во сиромаштија или социјална изолација.

Бројот на загрозените Европејци се задржува стабилен во однос на претходната година, но при повисоки нивоа во однос на 2008-ма година, покажува уште истражувањето. Тогаш во слична состојба беа 23.8% од жителите на ЕУ, за разлика од 24,4% во текот на изминатата година.

Најголем е процентот на загрозените од сиромаштија се жителите на Романија – 40.2%. Втора во негативната оценка е Бугарија со 40.1%, а потоа следи Грција со 36%. Најслабо загрозени се жителите на Чешка (14,8%), а по нив се Шведска (16,9%) и Холандија (17.1%).

Во Романија пред шест години процентот беше 44.2. Најголем раст за шесте години до 2014-та година во негативната листа забележува Грција, каде што бројот на загрозените од сиромаштија се зголемува од 28.1 на 36%, што е раст од 7,9 процентни поени. Следат Шпанија со зголемување од 4.7 процентни поени и Кипар со 4,1 процентни поени.

Најголемо подобрување е регистрирано во Полска, каде што намалувањето на жителите загрозени од сиромаштија е во износ од 5,8 процентни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП