29 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЕве кога сме најпродуктивни

Еве кога сме најпродуктивни

најпродуктивни

Речиси половина од вработените, околу 47 проценти, се најпродуктивни на почетокот на работниот ден, покажа неодамнешната анкета на група вработени лица, со која се истражувало во кој период од денот сме најпродуктивни на работа.

„На почетокот на работното време сум поактивна на работа бидејќи сум одморена и подготвена да ги извршувам работните обврски“, вели една од испитаничките додека друг испитаник додава „Мозокот најдобро му функционира наутро, а најтешко ми е да работам попладне, кога е време за одмор по оброкот“.

На средината на работниот ден најпродуктивни се 28 проценти од работниците, односно кога ќе „се напијат кафе и ќе си дојдат на себе“. Меѓу испитаниците има и т.н „самци“ кои изјавиле дека работат најдобро пред сите да дојдат или откако сите ќе си заминат. Тие велат дека сакаат да бидат сами и полесно се концентрираат кога колегите не ги реметат со нивните коментари.

„Најдобро би било да се заклучам и да ги исклучам сите телфони кога сакам да работам на мир, и никој да не ми пречи на секои пет минути“, вели еден од испитаниците.

Пред крајот на работниот ден најпродуктивни се 9 проценти од испитаниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП