4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолем ден за САД, исполнет е осумгодишниот сон

Голем ден за САД, исполнет е осумгодишниот сон

dolari srb

Буџетскиот дефицит на САД во фискалната 2015-та година, падна на најниско ниво во последниве осум години или на 439 милијарди долари.

Намалувањето на финансискиот јаз, кој е од 2009-та година, изнесуваше 1.400 милијарди долари, и доведе до намалување на дефицитот за 2,5 отсто на бруто домашен производ (БДП), што е најниско ниво до 2007-ма година, објави американското министерство на финансии.

Најновото постигнување е резултат на долготрајното настојување на администрацијата на американскиот претседател Барак Обама да го намали буџетскиот дефицит, кој е значително пораснат од 2008-ма година со падот на американската економија во криза.

Комбинацијата на ниски приходи и зголемувањето на трошоците за поттикнување на економијата и спасувањето на финансиската и автомобилската индустрија беа пример за големиот раст на буџетскиот дефицит.

Податоците за фискалната 2015-та година, која е завршена на 30-ти септември, се пониски за 44 милиони долари во однос на 2014-та година, и покрај 5 процентното зголемување на потрошувачката на 3.700 милијарди долари.

„Агендата на претседателот Обама продолжува сојузните финансии да ги држи на стабилни темели, истовремено поставувајќи темел на траен економски раст“, наведува во соопштението американскиот министер за финансии, Џејкоб Лу.

Проценките се дека буџетскиот дефицит во фискалната 2016-та година, која тек започна, ќе порасне на 455 милијарди долари и ќе продолжи да расте во следните неколку години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП