11 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во Холандија мирува

Стапката на невработеност во Холандија мирува

nevraboteni1

Стапката на невработеност во Холандија достигна 6,8 проценти во септември, што е на ниво на стапката на невработеност во јули и август.

На годишно ниво, невработеноста благо се намалила за 0,3 проценти, соопшти Заводот за статистика CBS.

„Намалувањето на бројот на невработени кое започна од јануари оваа година, од почетокот на јули до крајот на септември е задржано на стабилно ниво“, потврди CBS, потсетувајќи дека невработеноста достигна 7,2 проценти во јануари пред да започне да опаѓа.

Во септември во оваа земја со 17 милиони жители имала 604.000 невработени, 3.000 повеќе отколку во август.

Невработеноста кај младите со помалку од 25 години пораснала минатиот месец на 11,5 проценти, додека на годишно ниво се намалила за 0,5 проценти.

„Невработеноста меѓу младите од април расте, но сепак останува на пониско ниво во однос на минатата година“ се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП