На Волстрит цените на акциите во четвртокот ги достигнаа највисоките нивоа во последните осум седмици, благодарејќи на закрепнувањето на финансискиот и здравствениот сектор, како и ниската инфлацијата.
Индексот Dow Jones зајакна за 1,28 отсто, на 17.141 поен, индексот S&P 500 скокна за 1,49 отсто, на 2.023 поени, а индексот Nasdaq скокна за 1,82 отсто, 4.870 поени.
Во четвртокот индексот S&P 500 достигна највисоко ниво во последните осум седмици, а во осум од неговите десет сектори акциите пораснаа за повеќе од 1 процент.
Најмногу, за 2,3 отсто, скокна S&P индексот на финансискиот сектор, откако ден претходно падна поради послабите од очекуваното резултати на кварталните деловни резултати на банката „JPMorgan“. Во четвртокот, пак, инвеститорите беа охрабрени од подобрите од очекуваните деловни резултати на „Citigroup“, па цената на акцијата на најголемата американската банка скокна за повеќе од 4 отсто. Силно за 3 отсто, порасна и цената на акцијата на „Goldman Sachs“, иако кварталните резултати на оваа инвестициска банка потфрлија.
Значително, за 2,2 отсто во четвртокот зајакна и здравствениот сектор, како и биотехнолошкиот, благодарејќи на корекциите на цените по падот забележан последните седмици.
Обемот на тргувањето во четвртокот беше поголем отколку претходните денови, но и натаму под просекот. На американските берзи сопствениците ги сменија 7 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во последните 20 дена изнесуваше 7,6 милијарди акции.
Позитивно на пазарите влијаеја и податоците од инфлацијата, која и натаму се движи значително под насочените нивоа на американската централна банка, па малку е веројатно дека таа до крајот на годината ќе ги зголеми каматните стапки. А тоа значи дека евтините пари уште некое време ќе го поддржуваат пазарот на капиталот.