11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи растат, доларот надомести дел од загубите, закрепнува и нафтата

Азиските берзи растат, доларот надомести дел од загубите, закрепнува и нафтата

берзи-азиски-европски-berzi-aziski-evropski

На азиските берзи денес акциите растат, втор ден по ред, бидејќи вложувачите ги охрабри четврточното закрепнување на индексите на Волстрит.

На токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување беше во плус од околу 0,9 отсто, додека индексите во Шангај, Хонгконг, Австралија пораснаа меѓу 0,4 и 0,8 отсто. Во Јужна Кореја благо паднаа, па оттаму индексот MSCI на азиско-пацифичките берзи без јапонските, во петокот наутро беше во плус 0,4 отсто, достигнувајќи го највисокото ниво во последните два месеца.

Азиските инвеститори ги охрабри четврточниот раст на цените на акциите на Волстрит за повеќе од 1 отсто, откако податоците за ниската инфлација, која и натаму се движи значително под проектираните нивоа на американската централна банка, ги зацврсти убедувањата на вложувачите дека банката ќе го одложи зголемувањето на каматните стапки до следната година. А тоа значи дека евтините пари уште извесен период ќе го поддржуваат пазарот на капиталот.

Јапонскиот индекс Nikkei е меѓу најголемите добитници во петокот, бидејќи инвеститорите се надеваат дека јапонската централна банка Bank of Japan (BoJ) кон крајот на октомври ќе воведе дополнителни поттикнувачки мерки, имајќи предвид дека на јапонската економија ѝ се заканува рецесија. И покрај денешниот раст, индексот Nikkei, би можел во текот на целата измината седмица да забележи пад за повеќе од 0,5 отсто.

Од друга страна, пак, оваа седмица закрепнаа кинеските пазар, па тамошниот CSI300 индекс, доколку остане на ова ниво до крајот на тргувањето во петокот, би можел да забележи седмичен раст поголем од 5,5 отсто.

По четирите дена пад, во петокот претпладнето помалку закрепнаа и цените на нафтата. На американскиот пазар барелот поскапе за 0,5 отсто, на 46,80 долари, надоместувајќи ја речиси сета загуба од четвртокот. На лондонскиот пазар, пак, цената на нафтата скокна за 0,4 отсто, на 50,10 долари за барел.

На крајот од седмицата на валутните пазари малку закрепна и американскиот долар, откако со денови беше под притисок. Во петокот претпладнето неговиот курс се движи околу 119,15 јени, откако во петокот потона на 118,06 јени, најниското ниво во последните седум седмици. И покрај овој подем, доларот кон јенот е на пат да оствари седмичен минус од околу 1 отсто.

Цената на еврото во однос на американската валута, пак, се движи околу 1,1385 долари, откако во четвртокот во еден момент достигна 1,1495 долари, највисокото во последните седум седмици. Европската валута ја поткопа функционерот на Европската централна банка (ECB) Евалд Новотни, кој во четвртокот попладнето изјави дека е очигледно оти банката би требало да изнајде начини за дополнително поттикнување на економијата на еврозоната. Поради тоа еврото ги загуби сите добивки во однос на доларот од почетокот на седмицата, па неговиот курс на седмично ниво би можело да остане непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП