27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРејтингот на Бразил тоне, виновен долгот

Рејтингот на Бразил тоне, виновен долгот

krediten-rejting-zemji

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Fitch“ го намали кредитниот рејтинг на Бразил на еден степен над неинвестицискиот.

Оваа кредитна агенција наведе дека бразилската влада се соочува со раст на фискалните притисоци во време на забавување на економијата.

„Fitch“ го намали рејтингот на „ВВВ-“ од „ВВВ“, еден степен над „шпекулативното“ ниво, со негативна прогноза и предупредување дека е можно дополнително намалување на рејтингот, пренесува агенцијата Франс прес.

„Намалувањето на рејтингот го отсликува растот на должничкиот товар на Бразил, се поголемите предизвици на полето на балансирањето на буџетот и слабите прилики за економски раст“, наведува агенцијата, додавајќи дека рецесијата во Бразил имала поголемо влијание од очекуваното на државните приходи.

„Fitch“ предвидува дека Бразил оваа година ќе има буџетски дефицит од девет проценти од БДП, а наредната година шест проценти, додека јавниот долг во 2016 година ќе изнесува 70 проценти од БДП, а во 2017 ќе продолжи да расте.

Меѓународниот монетарен фонд претходно овој месец прогнозираше дека БДП на Бразил оваа година ќе потоне за три проценти, а наредната за еден процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП