13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилијардер подарува милијарди

Милијардер подарува милијарди

ManojBhargava

Еден од најбогатите луѓе на планетата, сопственикот на компанијата за производство на енергетски пијалоци „5-hour Energy“, Маној Бхаргава, ќе подари 99 проценти од своето богатство.

„Доколку имате, ваша должност е да им помогнете на оние кои немаат“, изјави американскиот претприемач со индиско потекло, кој одлучи најголем дел од својот имот од четири милијади долари да го донира во групацијата „Billion in Change“, чиј е основач.

Групацијата се занимава со решавање на основните проблеми во сиромашните средини и им обезбедува на нивните жители вода, енергија и здравствена нега.

„Услугите за другите се чини дека се единствениот интелигентен начин да го користиме своето богаство. Другите зборови, како лична потрошувачка, изгледаат пред се безкорисно, дури и штетно“, вели милијардерот.

Тој исто така потпиша и Ветување за подарување, организација во која богатите луѓе донираат најголем дел од своето богатство во хуманитарни цели.

Најпознатите нејзини членови се Бил Гејтс и Ворен Бафет. За колкави богатства станува збор можеби најдобро илустрира фактот дека на Маној откако ќе подари 99 проценти од своето богатство, сепак ќе му останат 30 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП