29 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGeneral Motors разочаран од продажбата

General Motors разочаран од продажбата

General Motors

Американскиот производител на автомобили General Motors (GM) за девет месеци оствари пад на продажбата.

Од почетокот на годината GM забележал пад на глобалната продажба за 1,3 отсто, додека продажбата во третиот квартал потона 3,1 отсто на годишно ниво, без оглед на одличните резултати во Северна Америка.

Компанијата во деветте месеци најмногу автомобили продала во Северна Америка 2,69 милиони, 4,9 отсто повеќе во однос на истиот период лани, додека на тој пазар продажбата во третиот квартал скокнала 5,2 отсто.

Продажбата во Кина била слаба и за девет месеци заклучно со септември пораснала само 1,6 отсто, на 2,49 милиони возила, додека во третото тромесечје паднала 4,2 отсто.

Во Европа продажбата паднала 6,3 отсто за девет месеци, а во третиот квартал пораснала 1,1 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП