3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПаѓаат бонусите на банкарите на Волстрит

Паѓаат бонусите на банкарите на Волстрит

30-big-stocks-that-are-way-below-wall-streets-price-targets

Банкарите и трговците на Волстрит ова година би можеле да добијат околу 10 отсто помали бонуси отколку лани, бидејќи приходите на банките од тргувањето во третото тромесечје паднале, а ниту почетокот на четвртиот квартал не е импресивен.

Бизнис резултатите на мнозинството најголеми американски банки во третото тромесечје укажуваат на пад на приходите од тргувањето на берзите, валутите и стоките бидејќи инвеститорите се внимателни заради можното зголемување на каматите во САД, падот на цената на суровините и забавувањето на растот на светската економија.

Goldman Sachs порача во четврток дека за третото тромесечје за компензации на трговците и банкарите ќе резервира околу 16 отсто помалку пари отколку во истиот период лани. Приходите од тргувањето на оваа инвестициска банка падна во изминатиот квартал за 16 отсто.

И повеќето други банки ги смалија износите за бонуси. На почетокот на неделата JPMorgan објави дека тој износ за изминатиот квартал се намалил за 13 отсто во однос на истиот период минатата година. Сепак, првото овогодишно тромесечје беше подобро од ланското, па банките резервираа повеќе пари за награди, но веќе во вториот квартал приходите од тргувањето стагнирале.

Колку ќе се издвои за бонуси во четвртото тромесечје оваа година ќе зависи од резултатите во следните неколку месеци. Но тргувањето, како што велат аналитичарите, засега е придушено, што не е добар знак за банкарите.

„Бонусите на Волстрит би можеле оваа година да паднат за 10 отсто, а најмногу ќе бидат погодени трговците“, вели Алан Џонсон, директор на консултантската куќа Johnson Associates.

Падот на обемот на тргувањето им штети на банките, како и рекордно ниските каматни стапки, што ги намалува приходите од кредитирањата. Покрај тоа, банките имаат зголемени трошоци заради прилагодувањето кон новите правила воведени по финансиската криза во 2009 година.

И додека повеќето трговци и банкари, како што сега стојат работите, оваа година ќе добијат помали бонуси, инвестициските банкари ’ги тријат рацете’ во очекување на поголеми награди. Имено, според податоците на Reuters, вредноста на спојувањата и преземањата во првите три картала оваа година достигна 1.020 милијарди американски долари, што е 11 отсто повеќе во однос на истиот период лани.

Притоа, Goldman Sachsе на водечко место со вкупно 299 аквизициски бизниси до крајот на септември, со што заработил 2,6 милијарди долари за советнички надоместоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП