10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрногорците најнељубезни во регионот, Македонија подобрена од лани

Црногорците најнељубезни во регионот, Македонија подобрена од лани

Couple having dinner in a luxury restaurant

Во периодот од 13-ти јуни до 30-ти јули, агенцијата „Global Market Solutions“ во соработка со агенциите за „тајно купување“ во регионот, седми пат спроведе истражување за основните елементи во квалитетот на услугите со цел пронаоѓање на најдобрите во регионот.

Во истражувањето учествуваа шестте земји од регионов – Македонија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија. „Тајните купувачи“ посетија 800 различни објекти, како што се автосалони, банки, бензински пумпи, малопродажни објекти, супермаркети, продажни места на телекомуникациски компании, туристичко-угостителски и објекти за услужни дејности.

За време на тие „тајни“ купувања се бележеа петте основни елементи за квалитетна услуга – поздравот, утврдувањето на потребата/желбата на купувачот, познавањето на производот, нудењето на дополнителен производ, како и зборовите за благодарност за посетата, според акронимот од англискиот збор „GUEST“ (гостин) зa „Greet“, „Understand“, „Explain“, „Suggest“, „Thank“.

Водечката позиција ја зазема Словенија со резултат од 79 отсто, при што забележа раст од четири отсто во однос на минатата година. Второто место и припадна на Србија со резултат од 76 проценти и зголемување од три отсто во однос на минатогодишното истражување.

Третото место и припадна на Хрватска (71 отсто), a Maкедонија со пораст од четири проценти во однос на лани го зазема четвртото место. БиХ се најде на претпоследното место со резултат од 66 посто, додека Црна Гора е последна во ова рангирање со резултат од 58 проценти, а тоа е за 10 отсто помалку од минатата година.

Како и претходните години, најлошо рангирана категорија во сите земји е нудењето на дополнителен производ со резултат од 37 отсто, беше наведено во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП