4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата во Рим го одобри нацрт-буџетот за следната година

Владата во Рим го одобри нацрт-буџетот за следната година

renci 9930 it

Италијанската влада го одобри нацрт-буџетот за 2016-та година, во кој се утврдени даночни намалувања и мерки за поддршка на растот, соопштува „Ројтерс“.

Нацрт-законот ќе стапи на разгледување од страна на парламентот на земјата и мора да биде одобрен до крајот на годината.

Премиерот Матео Ренци соопшти дека се укинува данокот за основното домување на Италијанците. Се шпекулира и за таксите врз опремата за индустријата и земјоделството. Ќе биде намален и основниот данок. Мерките се во вредност од 5 милијарди евра на сметка на државниот буџет.

Италија планира да ги испочитува барањата на Европската комисија за буџетскиот дефицит, макар и да го забави темпото на фискалната консолидација која е договорена со Брисел.

Владата на Ренци сепак се соочува со доста ризични преговори со европските власти за буџетот во 2016-та година. Италија конечно тргна по патот на закрепнување по тригодишна рецесија, но економскиот диктат на Европската унија заповеда дека сега е вистинскиот момент за затегнување на фискалната политика, забележува новинската агенција.

Со овој буџет Италија веројатно нема да одговори на европските барања за намалување на буџетот и на структуралниот дефицит, бидејќи намалувањето е обврзано со флуктуации на економскиот раст во законот. Така наместо да го намали структуралниот дефицит за 0,5%, Италија ќе мора да го зголеми за 0,4%.

Во минатиот месец италијанската влада го зголеми својот цел буџетскиот дефицит до 2,2% од БДП од 1,8%, како и за јавниот долг, кој е втор највисок во еврозоната по грчкиот, до 131,4% од БДП од 130,9%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП