25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер ги повика членките на ЕУ да го исполнат ветувањето за средствата...

Јункер ги повика членките на ЕУ да го исполнат ветувањето за средствата за бегалската криза

zan-klod-junkerrrrrrrrr-junkererer

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер ги повика во четвртокот земјите членки на Европската унија да го одржат ветувањето кои до дадоа на последниот самит и да го уплатат својот дел од финансискиот придонес за решавање на бегалската криза.

„Денеска е најважно земјите членки да го исполнат она што го ветија на самитот од 23-ти септември. Да се одржи ветувањето е прашање на доследност“, изјави Јункер по состанокот со претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, со кој разговараше пред самитот кои започна попладнето и на кој челниците на 28-те земји членки на ЕУ повторно ќе разговараат за бегалската криза.

На последниот самит челниците на земјите членки ветија финансиска помош од најмалку милијарда евра за хуманитарните организации на Обединетите нации кои им помагаат на бегалците во земјите во соседството на Сирија. Предвидено е околу половината од тој износ да се осигури од европскиот буџет, а другата половина со директни уплати од земјите членки.

Засега само десет земји ветија конкретни уплати во вкупен износ од 275 милиони евра, при што 80 отсто од тоа отпаѓа на придонесите на Германија и Велика Британија. Вкупно во трите фонда, земјите членки на ЕУ би требало да придонесат со 2,25 милијарди евра, за олеснување на бегласката криза во Европа.

ЕК е незадоволна и од пополнувањето на итниот фонд за помош на транзитните земји и на африканските земји од кои бегалците доаѓаат во ЕУ. Од земјите членки на ЕУ се очекува придонес во износ од 1,8 милијарди евра. Во фондот за помош на сириските соседи, во кој ЕК уплати 500 милиони евра, пак, земјите членки засега уплатиле само 8 милиони евра, и тоа Италија и Германија.

Јункер изјави дека потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс, и еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, до четири часот утрото во четвртокот разговарале во Анкара за заедничкиот акциски план и дека постојат добри шанси за успех, иако сé уште не може да даде заклучна оцена.

Исто така, Јункер рече дека ЕК ќе ја забрза работата по предлогот за измени на Даблинскиот систем, според кој земја членка во којашто прво ќе влезе барател на азил е должна да го разгледува неговото барање. Претходно беше планирано делка ЕК ќе излезе со нов

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП