5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата близу 49 долари, поради скокот на американските резерви

Цените на нафтата близу 49 долари, поради скокот на американските резерви

nafta 220

Цените на барелот нафта се стабилизираа на меѓународните пазари во близина на нивото од 49 американски долари, притиснати до продажбите коишто ги поттикна неочекувано големиот скок на резервите во САД.

На лондонскиот пазар цената на барелот нафта остана речиси непроменети во однос на затворањето на тргувањето во средата и изнесуваше 48.94 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 51 цент пониска цена од претходниот ден, на 46,15 долари.

Истовремено Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека цената на цената барел нејзина референтна кошничка нафта во средата изнесувала 45,21 долари, што значи дека била за 79 центи пониска отколку во вторникот.

Податоците на Американскиот институт за нафта покажаа дека во средата американските резерви на сирова нафта изминатата седмица скокнале на 9,4 милијарди барели. Аналитичарите во анкетата на Reuters очекуваа во просек раст за 2,8 милијарди барели. Некои, пак, очекуваат натамошно слабеење во текот на претстојните месеци, имајќи ги предвид подигнувањето на клучните каматни стапки во САД и последичното јакнење на доларот, што би ја поскапело нафтата за имателите на другите валути.

„Сценариото изгледа вака: во декември (американската централна банка) Fed ги подигнува каматните стапки, а OPEC не го намалува производството. Во првиот квартал до 2016-та глобалните резерви на нафта продолжуваат да растат, а цените на нафтата да паѓаат“, скицира за Reuters Бјарне Скиелдроп од норвешки SEB.

Членките на OPEC ќе се соберат во декември на редовниот состанок за политиките на производство. Се очекува дека ќе бидат истрајни во досегашната стратегија на одбрана на уделот на пазарот, на што укажува и продорот на Саудиска Арабија на пазарите на коишто досега доминираше Русија, како што е Полска.

Во првите девет месеци од 2015 година големите светски извозници на нафтата произвеле повеќе од половина милијарда барели нафта повеќе отколку што било потребно, покажуваат податоците од индустриите коишто ги собрале Reuters и големите истражувачки компании.

„Веруваме дека потенцијалот за падот на цените на нафтата е ограничен и очекуваме нивно умерено растење во следните седмици и месеци. Впрочем, има сé повеќе сигнали за значително намалување на снабдувањето до земјите надвор од OPEC имајќи ги предвид ниските цени“, вели Карстен Фритш од „Commerzbank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП