26 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P ги намали нагло прогнозите за руската економија

S&P ги намали нагло прогнозите за руската економија

moskva 3988

Агенцијата „Standard & Poor’s“ (S&P) нагло ги намали своите прогнози за претставувањето на руската економија во оваа и во наредната година.

Според неа, нафтените цени ќе останат ниски за некое време, што значи дека изгледите пред економијата на Русија ќе бидат послаби од претходните очекувања. „S&P“ веќе предвидува намалување на БДП на Русија во оваа година за 3.6% при претходна оценка за слаба рецесија и намалување на економијата за 2,6 процентни поени.

За 2016-та година кредитната агенција очекува експанзија на руската економија со едвај 0,3% во однос на претходната прогноза за раст на БДП за 1,9 процентни поени. Агенцијата гледа и долготрајна слабост на домашната потрошувачка во земјата, која ќе продолжи и во почетокот на следната година и се очекува само слабо закрепнување на капиталните расходи во 2016-та година.

„Ние претпоставуваме дека увозот во Русија ќе почне да расте постепено по стабилизација на девизните нивоа на рубљата. Според нас е малку веројатно нето надворешна трговија да доведе до зголемување на економскиот раст на земјата во текот на следната година“, додаде рејтинг агенција во својата анализа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар