Младите луѓе ширум светот се потешко доаѓаат до работа – лицата на возраст од 15 до 29 години имаат два пати помали шанси за вработување од старите лица, предупредува Светска банка.
Според проекциите на Меѓународната организација за труд (MOR), глобалната невработеност на младите во 2015 година ќе изнесува 13,1 процент, додека предвидената стапка меѓу возрасните е 4,5 проценти.
Светска банка, во соработка со партнерите како MOR, наведува дека во следните десет години треба да создаде 600 милиони нови работни места – околу пет милиони месечно – само за да се спречи дополнително влошување на веќе поразителната ситуација.
Анализата предупредува на разликата меѓу квалификациите на работниците и потребите на работодавците.
Во економиите во развој, кои се повеќе се насочуваат кон услужните дејности, работодавците не можат да пронајдат работници со потребните вештини.
На други места проблем е тоа што голем број невработени лица се високо образовани, додека пазарот бара поинакви компетенции или технички вештини.
Сето тоа доведува до раст на екстремизмот меѓу младите и незадоволството од актуелниот финансиски систем.