На20 октомври, вторник, сопочетокод 12:30 часотвоСинеплекс, ќесеслучинастаннакојсвојмотивационенговорќеодржиГери Вајтхил, еден од најексцентричнитеииновативни претприемачи во светот.
Овој гостин од светски калибар доаѓа во Скопје на покана на Њу Менс Бизнис Акцелераторот и претставува уникатна можност да се запознаете со “Шерифот” од AOL како што многумина го напрекуваат или “Хари Потер на глобалното Претприемништво” од Globo. Тој е основач е на “Entrepreneur Week” кој претставува втор најголем претприемачки настан во светот.
Гери Вајтхил поседува уникатен ментален склоп кој малкумина го поседуваат и живее со паролата “Stop at nothing achieve everything”. Во сите ситуации поттикнува на иновативен пристап и таканаречен Brain hacking како би ги надминал препреките. За помалку од 2 години успева “Entrepreneur Week” да го изгради во глобален екосистем и да го постави на 4 континенти.
Со помош на својот тим гради портфолио од над 500 говорници и листа на над 6000 успешни претприемачи кои заедно имаат остварено преку 7 билиони во годишни приходи.
Го препознаваат како филантроп и глобален реформер. Основач е и на Relentless Foundation и консултант на повеќе Fortune 100 компании, инкубатори, акцелератори и претприемачи низ светот во областа на претприемништвото. Сега ја раководи својата 8ма компанија, а запливал во претпримачките води на 12 годишна возраст основајки компанија за произвотство на слатки.
Сите заинтересирани кои би сакале да бидат дел од настанот и да ја искористат можноста да се запознаат со овој претприемнички гуру можат да ги набават своите билети по повластена цена од 1100 дендоколкусестуденти или невработени, односно 2800 дензакомпании, додека за сите студенти на Cloud Академиите овој настан ќе биде дел од нивната образовна програма и влезот ќе биде бесплатен. За уплата вирално или во банка потребно е да се испрати меил со податоци на [email protected], а за онлајн уплата билет може да се набави преку https://goo.gl/L7ouJ9