Новата училишна зграда на државното училиште за рехабилитација на деца и млади со оштетен вид „Димитар Влахов“ денес свечено беше пуштена во употреба во Скопје.
„Новиот објект со површина од 463 метри квадратни е донација на Европската команда на Армијата на САД, која за овој проект издвои околу 363 илјади долари. Со помош на нашите пријатели од Војската на САД, учениците добија современ објект, опремен со сите помошни и нагледни средства. Движењето низ училишната зграда ќе им биде олеснето на учениците, бидејќи таа е опремена со дактилни патеки, специјално наменети за лицата со ошетен вид“, рече министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.
Тој додаде дека Министерството за образование и наука, Владата на Република Македонија и другите надлежни институции системски работат на подобрување на животот на сите луѓе со попреченост во нашата земја.