30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина со повеќе милијардери отколку САД

Кина со повеќе милијардери отколку САД

juan kina 33

Бројот на милијардери во Кина сега е првпат поголем од бројот на милијардери во САД, и покрај забавувањето на економскиот раст во втората по големина економија на светот, пренесува AFP.

Кина сега има 596 милијардери, што е „фрапантен“ пораст од 242 во однос на минатата година, пренесува Harun Report.

„Без оглед на забавувањето на економијата, најбогатите Кинези и пркосат на гравитацијата, бележејќи ја својата најдобра година од било кога“, рече Руперт Хагверф од Harun Report.

Недвижностите на магнатот Ванг Џианлин го симнаа од тронот на најбогати личности основачот на „Али баба“, Џек Ма.

Ванг, кој го основаше конгломератот Ванда, го зголеми своето богатство за 50 отсто и сега изнесува 34,4 милијарди долари.

Ванг е познат и надвор од Кина заради редица прекуморски аквизиции, вклучувајќи ја и организацијата на натпреварот Ironman во екстремна издржливост, а има удел и во шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП