17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на азиските берзи, доларот падна а цената на нафтата стагнира

Раст на азиските берзи, доларот падна а цената на нафтата стагнира

aziski-berzi

На азиските берзи денес цените на акациите пораснаа, додека доларот падна бидејќи слабите показатели од американската економија го зацврстија уверувањето на инвеститорите дека американската централна банка нема годинава да ги зголеми каматите.

На токиската берза во претпладневното тргување во четвртокот индексот Nikkei беше во плус од 1,3 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Јужна Кореја, Шангај и Хонгконг скокнаа меѓу 0,6 и 2,2 отсто. Благодарејќи на тоа, индексот MSCI на азиско-пацифичките берзи, без јапонските, денес претпладне беше во плус од 1,6 отсто, достигнувајќи го највисокото ниво во последните два месеца.

По двата дена пад, цените на акциите на азиско-пацифичките берзи утрово пораснаа благодарејќи најмногу на уверувањето на инвеститорите дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) годинава нема да ги зголеми каматните стапки, бидејќи во средата објавени податоци укажуваат на забавување на растот на економијата во САД.

Прометот во трговијата на мало во септември пораснал за само 0,1 отсто, додека ревидираните податоци за август покажаа дека прометот во малопродажбата стагнирал, а не пораснал за 0,1 2 процента, како што покажуваше прелиминарната процена. Беше објавено и дела во септември произведувачките цени паднале за 0,5 отсто, најмногу од јануари, што покажува дека инфлациските притисоци се многу слаби.

По вчерашниот пад на цените на акциите на Волстрит, американските термински индекси во четвртокот претпладнето се во плус, што, исто така, ги поддржува азиските пазари. Силно пораснаа и цените на акциите во Токио, бидејќи вложувачите одлучија да ги игнорираат новите слаби показатели од јапонската економија, иако најавуваат рецесија на третата според обемот светска економија.

Смирувачки на пазарите влијае и стабилизацијата на цените на нафтата по падот последните денови. Во четвртокот утрото цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна за 0,3 отсто, на 49,30 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,2 отсто, на 46,60 долари.

И додека се очекува дека Fed го одложи зголемувањето на каматите од идната година, ги поддржуваат пазарите на капиталот, на валутните пазари американскиот долар е под притисок. Неговиот индекс, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте валути од земјите најголеми трговски партнери на САД, се движи околу 93,84, најниското ниво од крајот на август.

Притоа курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна на 118к,95 јени, додека во средата во претпладневното тргување изнесуваше 119,65 јени. Во еден момент потона и на 11856 јени, најниското ниво во последните пет години. Доларот ослаби и во однос на европската валута, па цената на еврото порасна од вчерашните 1,1390 на 1,1490 долари, највисокото ниво во последните седум седмици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП