12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСпласна индустриското производство во ЕУ

Спласна индустриското производство во ЕУ

индустриско-производство

Индустриското производство во еврозоната според ревидираните податоци е намалено во август оваа година за 0,5 проценти, а во Европската унија (ЕУ) за 0,3 проценти во однос на претходниот месец.

Според ревидираните податоци на статистичкиот завод Еуростат, во јули индустриското производство во еврозоната забележа месечен раст од 0,8 проценти, а во 28-члениот блок 0,4 проценти, пренесува агенцијата АФП.

На годишно ниво, индустријата во еврозоната пораснала за 0,9 проценти, а во Европската унија за 1,9 проценти, наведува француската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП