29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Билјана Северинова, Заменик директор на бизнис сектор во ПроКредит банка

Интервју со Билјана Северинова, Заменик директор на бизнис сектор во ПроКредит банка

cc

Денар: Како ПроКредит Банка се одлучи за формирање Зони 24/7 ? Од каде потекнува идејата за формирање на овој иновативен концепт?

ПроКредит е германска банка, со седиште во Франкфурт, Германија. Важиме за модерна, прогресивна банка која брзо се прилагодува на иновациите и технолошкиот развој. Современите автомати кои ги воведовме во Зона 24/7, во Германија и другите Западноевропски земји активно се користат веќе неколку години наназад. Со воведување на овој концепт сакавме да го донесеме модерното Западноевроско банкарство и во Македонија за кое веруваме дека ќе донесе бројни придобивки за бизнисите и за граѓаните.

Дополнителна причина беа и потребите на претпријатијата и карактеристиките на домашната економија. Македонската економија доминантно работи со готовина. Базирана е на бројни мали и средни претпријатија, од кои најбројни се оние кои се занимаваат со трговија, транспорт, услужни дејности. Она што е исто така карактеристично е работното време на еден мал и среден бизнис. Тие најчесто работат до доцна навечер, за викенди и празници. Тоа е период кога банкарската услуга не беше достапна за нив, па мораа да изнаоѓаат различни алтернативни начини за чување на дневниот пазар – начини кои не се толку практични, па и до одредена мера небезбедни. Со оглед дека примарно работиме со претпријатија, мали и средни бизниси, сега имаме можност на бројни компании да им понудиме уште поефикасен, подостапен и попрактичен начин на управување со готовината.

Истото важи и за граѓаните кои имаат динамично работно време, на кои им е тешко да стигнат во рамки на работното време на банките, немаат време да излезат на пауза и своето време да го потрошат во чекање ред во банка. Едноставно ваквиот концепт Банка 24/7 е решение за животниот стил денес.

tbb

Денар: На колку локации во моментов функционираат Зони 24/7 и дали бројот на Зони ќе се зголемува?

Првата Зона 24/7 беше имплементирана во ноември, минатата година. Го следевме користењето, забелешките и задоволството на клиентите, за да можеме постепено да го унапредуваме и додаваме нови функционалности.

Во моментот Зона 24/7 е составен дел на сите експозитури. Вкупно на клиентите им се на располагање 20 Зони 24/7, од кои 9 се во Скопје и 11 низ градовите во Македонија.

Во иднина секоја нова експозитура на ПроКредит ќе го содржи овој модерен концепт-тоа е стандард на нашето работење кој се потврди дека функционира и носи придобивки за клиентите.

Тука не застануваме. Како модерна и динамична банка уште во рамки на реализација на новостите, размислуваме за следниот чекор. Нови функционалности и автомати ќе следуваат наскоро.

taa

Денар: Какви придобивки може да очекуваат клиентите од користење на автоматските услуги?

Услугата е достапна 24/7, се заштедува време и се намалуваат трошоците.

Искуството со традиционалниот концепт на работење покажа дека клиентите во банка трошат во просек по 30-45 мин. Со користење на автомат секоја трансакција трае максимум 2 минути. Зависно од бројот на транскации клиентот во Зоната 24/7 се задржува во просек од 2-10 минути.

Клиентите може подобро да си го планираат своето време. Веќе не се создаваат типичните редици во појасот од 10-12 часот, со оглед дека услугата е достапна 24/7 под исти услови и тоа бесплатно.

Плаќањата преку електронското банкарство се со 60% пониски провизии, а нема трошоци за уплата и исплата на готовина. Провизија на автоматите не се наплаќа.

bbb

Денар: На кој начин функционираат автоматите, кои услуги се нудат и која услуга најмногу се користи од страна на клиентите?

Претпријатијата може да го уплатат својот дневен пазар кога сакаат. Постои можност за уплата на сите апоени, банкноти и кованици.

Постојат различни автомати кои се соодветни за различни износи и видови на банкноти, но во секој случај уплатата е многу брза и достапна во секое време.

На банкоматот за уплата и исплата, кој засега е најкористен од страна на клиентите со едноставно внесување на Visa Business или ProCard и деноминации од 100, 500 и 1000 МКД, трансакцијата за уплата се завршува за 2 минути, а средствата се расположливи веднаш. И исплата на готовина е достапна во секое време. За оваа услуга не се наплаќа никаква провизија без разлика во колку часот е извршена транскацијата.

За физичките лица автоматите овозможуваат уплата и исплата од трансакциска и штедна сметка со платежна картичка од ПроКредит Банка. За прв пат во Македонија може да извршуваат уплата и исплата покрај денари и во евра со внес на банкноти од 10,20,50 и 100 ЕУР со расположивост на средствата веднаш. За граѓаните ова претставува голема придобивка особено од аспект на можностите за флексибилно штедење и фактот дека за потребната готовина не мораат да прават менувачко работење, туку директно да добијат девизи. Штедењето на штедна сметка сега нуди можност да повлекуваат и вложуваат кога сакаат, да заработат камата на износот кој во моментот е на штедната сметка, апсолутно достапно секаде и во секое време, без никакви трошоци за исплатите.

Претпријатијата можат да направат уплата на поголеми износи на сефот за дневен промет. Прометот клиентот го депонира во сефот во специјални сигурносни кеси (обезбедени од банката) за една употреба, со уникатен бар-код претходно поврзан со податоци за уплатата на клиентот. Вратата на сефот се отвара со специјален чип (обезбеден од банката) заради идентификација на клиентот. Практично уплатата се извршува со еден клик и буквално за неколку секунди операцијата е завршена.

Инфо терминалот се користи за електронски плаќања и печатење изводи. Со внес на токенот клиентот се поврзува со платформата на електронско банкарство. Практично е затоа што веднаш може да се плаќа откако средтсвата се внесени на банкомат. Наместо да се чека во ред во банка, овде може да се направи печатење на изводите.

tdd

Денар: Какво е искуството до сега?

Досегашното искуство е многу позитивно. За сега речиси 50% од клиентите кои работат со ПроКредит Банка користат автоматизирана услуга во Зона 24/7. 27% од сите направени трансакции се по работното време на банката, по 16.00 часот, што го потврдува фактот дека работно време 24/7 е придобивка за клиентите. Оваа бројка очекуваме да расте.

Она што е чест коментар од клиентите е дека нема потреба повеќе да се користи драгоценото време од бизнисот за да се заврши секојдневната уплата на прометот од тековниот ден. Она што го истакнуваат е дека со оваа новост имаат поголем избор – да ја користат услугата кога најмногу им одговара, во попладневните часови, навечер, во неработни денови. Оние бизниси пак, кои имаат свои продажни или деловни објекти на повеќе локации можат да ја добијат оваа услуга секаде.

Физичките  лица кои најчесто работат до 17.00 или 18.00 часот, речиси и да немаа можност да завршат услуга во банка доколку не ја искористат паузата од работа за тоа. Сега истакнуваат дека електронското банкарство и оваа можност многу повеќе им одговара.

tcc

Денар: Кои иновации може да се очекуваат од ПроКредит во иднина?

Како модерна и динамична банка уште во рамки на реализација на новостите, размислуваме за следниот чекор. Нови функционалности и автомати кои ќе бидат прилагодени на различните навики на клиентите, видот на дневен пазар и електронски плаќања кои  имаат потреба да ги извршуваат ќе следуваат наскоро.

Го охрабруваме безготовинското банкарство и многу скоро ќе има новости во системот на електронско банкарство: поврзување на ЕРП системот на компанијата со главниот банкарски систем каде што се сметките на таа компанија, со што комплетното внатрешно сметководство ќе биде директно поврзано со ситемот на плаќање и ќе добива двонасочни информации, можност за прилагодување на идна дата за автоматско извршување на налозите и сл.

И понатаму ќе го унапредуваме концептот на банка достапна 24/7 и од канцеларијата на клиентите, и од дома, и преку Зона 24/7.

aad

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП