2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРААгенцијата за филм на РМ стана член на Европската мрежа за филмски...

Агенцијата за филм на РМ стана член на Европската мрежа за филмски комисии

agencija-za-film7741

Агенцијата за филм на Република Македонија стана член на Европската мрежа за филмски комисии (EUFCN – European Film Commissions Network).

EUFCN е европска мрежа на филмски комисии која ја поддржува и промовира европската филмска индустрија и култура. Оваа мрежа е регистрирана во 2007 година и во неа членуваат 85 филмски комисии од 29 европски земји. Нејзини главни цели се да создаде мрежа на најактивни европски филмски комисии, да ја промовира размената на информации меѓу своите членки, да ја развива базата на локации и нови можности за снимање и да организира стручни и образовни активности за своите членови.

Оваа година Агенцијата за филм на Република Македонија како членка и на светската организација на филмски комисии AFCI во која членуваат преку 300 филмски комисии.

На неодамнешниот симпозиумот на AFCI кој се одржа во Барселона од 24ти до 26ти септември Република Македонија беше промовирана како мала земја која има одлично развиен систем за привлекување на странски продукции како и одлични стимулативни мерки кои ги нуди за снимање на нејзина територија.

За тоа говорат веќе започнатата продукција на францускиот филм “A fond” во режија на Николас Бенаму кој започна со своето снимање во септември во Македонија, а неодамна во Македонија престојуваа и шест високи претставници од големите студија Warner Brothers, Walt Disney како и Entertainment Partners кои беа запознаени со нашите најубави локации и природни убавини, економските стимуланси и продукциските олеснувања кои нашата земја ги нуди како и запознавање со компании кои нудат продукциски и пост-продукциски услуги во нашата земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП