4 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ дополнително ќе ги намали каматните стапки оваа недела

ЕЦБ дополнително ќе ги намали каматните стапки оваа недела

Паневропскиот берзански индекс STOXX 600 порасна за четири проценти минатиот месец. Аерокосмичкиот и одбранбениот сектор остварија најголем пораст, 14 проценти.

Акциите на германската компанија за оружје „Рајнметал“ продолжуваат да блескаат. Пред три месеци, тие за прв пат ја пробија границата од 1.000 евра, а сега се блиску до следната илјадарка, бидејќи во петокот вредеа 1.936 евра.

Европската централна банка ќе се состане во четврток и се очекува дополнително да ја намали својата каматна стапка за депозити (повторно за 25 базични поени).

Пониските каматни стапки ја стимулираат кредитната активност. Во април, банките во еврозоната одобрија 2,6 проценти повеќе кредити за компании отколку една година претходно, објави ЕЦБ. Ова е највисокиот раст од јуни 2023 година.

Пониските каматни стапки, исто така, доведоа до поголема побарувачка за кредити од домаќинствата. Банките одобрија 1,9 проценти повеќе кредити отколку една година претходно. Тримесечниот Еурибор падна под два проценти во четврток за прв пат од декември 2022 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП