26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит цените на акциите паднаа втор ден по ред

На Волстрит цените на акциите паднаа втор ден по ред

Wall Street Premarket

На Волстрит цените на акциите во средата паднаа втор ден по ред поради послабите отколку што се очекуваше економски показатели и анемичните квартални деловни резултати на американските компании.

Индексот Dow Jones ослабе за 0,92 отсто, на 16.924 поени, индексот S&P 500 се лизна за 0,47 проценти, на 1.994 поени, а индексот Nasdaq се спушти за 0,29 отсто, на 4.782 поени.

Инвеститорите во средата беа загрижени од послабите отколку што се очекуваше макроекономски показатели кои укажуваат на забавување на растот на американската економија. Прометот во трговијата на мало во септември пораснал за само 0,1 отсто, додека ревидираните податоци за август покажаа дека прометот во малопродажбата стагнирал, а не пораснал за 0,12 процента, како што покажуваше прелиминарната проценка. Беше објавено и дека во септември произведувачките цени паднале за 0,5 отсто, најмногу од јануари, што покажува дека инфлациските притисоци се многу слаби.

И додека очекувањата дека американската централна банка ќе го одложи зголемувањето на каматите го поддржуваат пазарот, слабите економски показатели загрижуваат. Уште повеќе што слабоста на глобалната, но и на американската економија негативно влијае врз кварталните деловни резултати на компаниите.

Цената на акцијата на банката „JPMorgan Chase“ падна за 2,5 отсто, бидејќи резултатите на најголемата американска банка во третиот квартален ги разочараа инвеститорите. Ниту другите банки не одушевија со кварталните резултати, па акцијата на „Wels Fargo“ поевтини за 0,7 отсто, додека цената на акцијата на „Bank of America“ порасна за благи 0,8 отсто.

Меѓу најголемите губитници, со пад на цената од 10 отсто, се најде акцијата на „Wal-Mart“ бидејќи акцијата на најголемиот американски трговски синџир предупреди дека зголемувањето на платите, зголемените трошоци на е-трговијата и ниските цени ќе ја намалат неговата добивка во следната година за 12 отсто. Остро падна и цената на акцијата на „Netflix“, за повеќе од 2 отсто, откако оваа технолошка компанија извести за помалиот раст на претплатниците на нејзините услуги во изминатиот квартал откако самата проценуваше.

Првите извештаи не импресионираа, а поради ниската цена на нафтата, високиот курс на доларот и слабеењето на побарувачката во светот, добивката на американските компании може да падне првпат од глобалната финансиска криза од 2008 година. Во анкетата на Reuters аналитичарите проценуваат дека добивката на компаниите од составот на S&P 500 индексот во третиот квартал од 2015 година паднала за 4,8 отсто во однос на истиот период лани. Се очекува, исто така, пад на приходите на компаниите, и тоа за повеќе од 3 отсто на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП