20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЕД: Американската економија ќе расте умерено

ФЕД: Американската економија ќе расте умерено

jelen pivo33

Економијата на САД продолжува самоуверено по патот кон растот, смета Банката на федерални резерви. Економската активност се зголеми малку од средината на август до почетокот на октомври, покажува „ФЕД “во т.н. „Беж книга“ – извештај за економската активност во голем број области.

Производствениот сектор се развива хетерогено, но генерално послабо, покажува економскиот извештај. Кочница се факторите од несигурноста во енергетскиот сектор, како и силната конкуренција од страна на Кина. Силниот долар исто така го забавува туризмот во Њујорк, Минеаполис и Далас.

Сепак, американските претприемачи се оптимисти за краткорочните перспективи. Девет од дванаесетте региони, кои се опфатени во извештајот на „ФЕД“, предвидуваат мал или умерен раст за извештајниот период. При претставувањето на претходната „беж книга“, сепак во единаесет од дванаесетте регионот имаше раст. Од некои области доаѓаат и пораки за недостатокот на особено квалификувана работна сила.

Економијата на САД порасна особено благодарение на силната домашна побарувачка од април до јуни за 3,9 отсто на годишна основа. Сепак претседателот на „ФЕД“, Џенет Јелен не ја прекина во септември ерата на евтини пари и ниските камати. Пред се поради грижите за забавување на светската економија, централната банка ја остави непроменета каматната стапка. Јелен изјави дека зголемување сепак може да има оваа година, ако инфлацијата остане стабилна, а економијата на САД биде доволно силна за да се справи со зголемувањето на каматните стапки.

Сепак последните слаби податоци за американската економија предизвикаа сомнежи на финансиските пазари за тоа дали Јелен сепак ќе се осмели на таков потег во 2015-та година. Ова ќе биде првото зголемување по речиси една деценија. Банката на федерални резерви ги одржува каматните стапки на историски најниско ниво од нула до 0,25% во врвот на светската финансиска криза на крајот на 2008-ма година.

Извештајот се базира на студии во дванаесетте региони на „ФЕД“. Резултатите служат како подготовка за одлуката на следниот состанок на 27-ми и 28-ми октомври. Пред да донесуваат одлуки за монетарната политика, регионалните ограноци спроведуваат широки студии меѓу економските актери во земјата, за да добијат една субјективна слика на економскиот развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП