
На редовното петнаесетто по ред годишно Генерално собрание присутните претставници на компаниите членки на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија) ги избраа следниве членови на Одборот на директори:


На редовното петнаесетто по ред годишно Генерално собрание присутните претставници на компаниите членки на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија) ги избраа следниве членови на Одборот на директори:

Оваа година, на Собранието присуствуваа преку 90 претставници од компаниите членки на Комората. Настанот официјално го отвори амбасадорот на САД во Република Македонија, г. Џес Бејли, кој нагласи дека АмЧам Македонија е најактивна странска и локална бизнис асоцијација во делот на заземање за деловната заедница, укажувајќи дека демократски е да се слушнат и другите ставови и мислења, без разлика дали се согласуваме со нив или не. Потоа, следеше кратко обраќање од сегашниот Претседател на Одборот на директори, г.Мирослав Марчев, кој изрази загриженост за дефокусирањето на законодавците во изминатиот период, што придонесе компаниите да се соочат со многу предизвици поради изменетите законски решенија, притоа посочувајќи неколку примери на кои официјално реагирала и АмЧам Македонија. Тој, посочи дека АмЧам е отворена за соработка со другите бизнис асоцијации и комори, со цел остварување на заеднички цели кои ќе придонесат за подобро деловно опкружување.

Пред работниот дел, беше презентирано и видеото кое го подготви АмЧам Македонија како дел од планираните активности за одбележување на 15 годишнината од своето основање.
Работниот дел на Собранието го водеше Извршниот директор на АмЧам Македонија, г-ѓа Мишел Османли, која го презентираше извештајот за реализираните активности и проекти во изминатите 12 месеци, нагласувајќи импозантни бројки од успешното работење на АмЧам во овој период.
