19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУмерен сообраќај надвор од градските средини

Умерен сообраќај надвор од градските средини

soobrakaj

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по суви коловози, со исклучок на локалниот пат од с. Ропаљце према с. Никуштак кој е во прекин поради обилните врнежи од дожд.

Екипата на францускиот филм “A Fond” го заврши снимањето на скопската обиколница и од вторник снимањето се премести на Магистралниот пат А1. Делницата од мотел Македонија до Градско ќе биде затворена за сообраќај од 05 до 18 часот, а сообраќајот ќе се одвива по стариот пат, кој е обележан со соодветна сигнализација. Снимањето е планирано да се одвива во работни денови.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП