2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМарлон Џејмс добитник на наградата Man Booker

Марлон Џејмс добитник на наградата Man Booker

марлон-џејмс

Марлон Џејмс, 45-годишен писател од Јамајка, е добитник на престижната британска награда Man Booker за романот „A Brief History of Seven Killing“.

Авторот во романот на 686 страници ја донесува приказната за насилствата меѓу јамајканските банди и обидот за убиство на ѕвездата на реге музиката Боб Марли.

„Романот на Марлон Џејмс е највозбудливиот меѓу книгите кои влегоа во потесниот избор. Романот е преполн со изненадувања, насилство и пцуење, а го опишува турбулентниот свет на бандите и политиката на тој карипски остров“, изјави претседателот на жирито, Мајкл Вуд, додавајќи дека одлуката за победникот била донесена едногласно.

Џејмс стана првиот Јамајчанец кој ја добиваа оваа реномирана награда којашто се доделува од 1969 година. Од минатата 2014 година во конкуренција можат да влезат и писателите од секоја националност чиешто дело е напишано на англиски јазик и е објавено во Велика Британија. Претходно наградата им беше доделувана само на авторите од подрачјето на Велика Британија и Комонвелтот, Ирска и Зимбабве.

„Јамајка има богата книжевна традиција и помалку е нестварно дека јас сум првиот Јамајчанец кој добил награда. Се надевам дека нема да бидам и последниот“, рече Џејмс при врачувањето на наградата во Лондон.

Освен признанието, тој доби и чек на 50.000 британски фунти, а може да очекува и меѓународна популарност. На пример, минатогодишниот победник, Австралиецот Ричард Фланаган продаде 800.000 примероци од неговата награден книга „The Narrow Road to the Deep North“.

Џејмс откри дека со години работел во маркетинг агенција и пишувал. Неговата прва книга со наслов „John Crow’s Devil“ била дури 70 пати одбиена, поради што се откажал од пишувањето. Кога конечно во 2005 година била објавена, набрзо станал популарен и повторно почнал да пишува. Денес живее во американски Минеаполис и предава креативно пишување на Macalester College.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП