21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентирани холандските владини програми за мали и средни претпријатија

Презентирани холандските владини програми за мали и средни претпријатија

холандски-програми

Со цел да се поттикне интересот за користење на холандските владини програми за поддршка од страна на македонските мали и средни претпријатија, во средата беше одржана презентација на програмата која нуди субвенции и стручна поддршка од холандски експерти.

Холандските програми нудат бесплатна помош на македонските претпријатија, во вид на трансфер на знаења за унапредување на компаниите од страна на холандски експерти, субвенции за испитувања на пазарот и инвестиционите можности, финансиска поддршка на мали и средни бизниси, како и програма за обуки на македонски менаџери во Холандија и размена на искуства со нивни холандски колеги.

Меѓу другото, беше презентиран и бизнис порталот www.balkanbusiness.nl кој нуди бесплатни деловни информации и бизнис вести од Холандија, Албанија, Македонија и Косово. Порталот вклучува низа функционалности како алатка за спојување на компании кои нудат или се заинтересирани за соработка. Користењето на сите функционалности на порталот е бесплатно.

Присутни на настанот беа бизнис консултанти и претставници од владини и невладини организации кои соработуваат и го поддржуваат приватниот сектор.

Присутните ги поздрави од холандскиот амбасадор Воутер Пломп кој искажа задоволство за покажаниот интерес за програмите на холандската влада и упати поддршка за интензивирање на холандско-македонската бизнис соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП