22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзненадувачки пад на невработеноста во Велика Британија

Изненадувачки пад на невработеноста во Велика Британија

got work 22

Невработеноста во Велика Британија е намалена до најниско ниво од средината на 2008-ма година. Тоа беше уште еден сигнал за позитивен развој на британската економија.

Нивото на невработеност се намали до 5.4% за трите месеци меѓу јуни и август во однос на 5,5% во претходните три месеци. Невработеноста се намалила за 79.000 или до 1,77 милиони лица. Во исто време, бројот на вработени се зголемил за 140.000 или до 31.1 милиони за разгледуваниот период.

Во исто време растот на платите, без да се земат бонусите, е забавен за 2.8% во однос на 2,9% колку што иснесуваше еден квартал порано.

Ниската стапка на невработеност, во услови на речиси нула инфлација, доведува до тоа реалните приходи на Британците да се зголемуваат најмногу од финансиската криза, па наваму. Податоците можат да иницираат зголемување на трошоците и да доведат до живост во економијата. Недостатокот на инфлациските притисоци се очекува да ја натера централната банка во земјата да се воздржи од зголемување на каматите, што пазарните учесници очекуваа да се случи на почетокот на следната година.

Фунтата го задржи високото ниво во однос на доларот по објавувањето на податоците, па сега се тргува при 1.5350 долари за една фунта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП