17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодготвена техничката документација за десет нови проекти за регионален развој

Подготвена техничката документација за десет нови проекти за регионален развој

peso

Заменикот претседател на Владата, Владимир Пешевски, денес ја отвори конференцијата „Поддршка на регионалниот економски развој: регионален развој преку одржливи проекти“, во организација на Германското друштво за меѓународна соработка во Македонија.

Вицепремиерот Пешевски истакна дека повеќегодишната соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Германското друштво за меѓународна соработка дава многу добри разултати, а доказ за тоа се многуте реализирани прoекти во изминатите години.

Во вториот циклус во 2015 година, со вкупен буџет од околу 300.000 евра, грант од Делегацијата на ЕУ, во изминатиов период беше изработена проектна и техничка документација за 10 проекти, за чија реализација се потребни околу 38 милиони евра. Од вкупно 10 проекти, 8 се регионални, а два се меѓурегионални проекти, што е прво и воедно иновативно искуство од ваков тип во земјата. Најголем број од проектите, дури седум се за промоција и развој на туризмот, два проекта се за заштита на животната средина и просторното уредување додека еден проект е насочен кон подобрување на енергетската ефикасност“, истакна Пешевски.

Тој потенцираше дека Германското друштво за меѓународна соработка е исклучително важен субјект кој како партнер на Владата има големо влијание на изработката на проектната и техничката документација која е подготвена за реализација, а со тоа и на развојот на осумте плански региони во Република Македонија.

Во изминативе две години преку поддршката на Германското друштво за меѓународна соработка изработени се вкупно 38 проекти за чија реализација се потребни преку 70 милиони евра и кои се од особено значење за регионалниот развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП