Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски во средата оствари прва средба со новоименуваниот амбасадор на Босна и Херцеговина (БиХ) во Македонија, Лепа Бабиќ, при што разговараа за актуелните состојби во двете пријателски држави.

Посебно внимание беше посветено на темата за економска соработка за која се согласија дека е од особена важност да се развива поинтензивно и да се постигне ново повисоко ниво. Исто така, се разговараше и за актуелната состојба со мигрантите кои транзитираат низ регионот.
Бабиќ истакна дека БиХ го следи позитивното искуство на Република Македонија во однос на чекорите кон НАТО и евроинтеграцискиот процес со оглед на тоа дека и Босна и Херцеговина се стреми кон истите цели.
На средбата се разговараше за развивање и интензивирање на парламентарната соработка како на високо ниво така и ниво на парламентарни групи за соработка.