3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнтернет плаќање даноци со безготовинска картичка

Интернет плаќање даноци со безготовинска картичка

karticki 3003

Новата електронска услуга на УЈП „е-Плаќање на даноци“ овозможува секој граѓанин да врши он-лајн плаќање на персонален данок, ДДВ и Радиодифузна такса со безготовинска картичка Visa, Maestro или MasterCard (издадена од домашна банка).

Единствено што треба да направите е да се регистрирате и да креирате ваш кориснички профил на електронскиот сервис „е-Плаќање на даноци“ – https://etax.ujp.gov.mk.

Услугата „е-Плаќање на даноци“ овозможува да заштедите време, да ги избегнете каматите за задоцнето плаќање, и како даночен обврзник (физичко лице) да вршите он-лајн преглед и плаќање на вашите даночни долгови за Персонален данок, ДДВ и Радиодифузна такса.

Регистрацијата на „е-Плаќање на даноци“ е бесплатна, не е потребен дигитален сертификат, единствено што е потребно е граѓанинот да креира кориснички профил на електронскиот сервис „е-Плаќање на даноци“ – https://etax.ujp.gov.mk.

Покрај електронско плаќање на даноци, со регистрацијата и користењето на оваа услуга, граѓанинот може да врши преглед и во секое време да има увид во состојбата на даночните  долгови.

Новата услуга за интернет плаќање на даноци е автоматски овозможена за 23.328 даночни обврзници – физички лица кои се веќе регистрирани корисници на електронските сервиси на УЈП со или без дигитален сертификат (е-Радиодифузна такса, е-Поднеси даночна пријава).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП