10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSurface доби ривал: Toshiba dynaPad е полесен и потенок хибрид

Surface доби ривал: Toshiba dynaPad е полесен и потенок хибрид

tosib 334444

Хибридниот уред на „Toshibа“ ќе биде опремен со процесорот на „Intel“ – „Atom“ со 1,44 GHz и 4 GB RAM и 128 GB интерна меморија. На европскиот пазар ќе биде достапен следната година.

Од „Toshiba“ велат дека нивниот нов хибриден уред „dynaPad“ е „дигитален белег на новото време“. Таблетот со „Windows 10“ е тенок 6,9 mm и тежок 569 грама, па како што се наведува, ова го прави најлесниот и најтенкиот 12-инчен „Windows 10“ таблет.

Со тенката тастатура и цел формат ќе се претвори во лаптоп, а „Toshiba“ го опреми со електростатичко „WACOM“ пенкало, кое е со висока прецизност го препознава притисокот што овозможува да се пишува природно, како и на хартија. Притоа ќе се знае доколку екранот се притисне со дланка, па тоа нема да го препознае како обид за впишување.

Таблетот пристигнува со „WUXGA+“ екран (1920×1280), a ќе биде опремен со процесорот на „Intel“ – „Atom“ на 1,44 GHz со 4 GB RAM и 128 GB интерна меморија. Во Европа можеме да го очекуваме напролет следната година, а цената во Јапонија, каде ќе биде достапен во декември, ќе чини околу 1080 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП