18 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилниот долар го намали профитот на Johnson & Johnson

Силниот долар го намали профитот на Johnson & Johnson

100624897-51872340.530x298

Американската мултинационална компанија за производство на лекови, медицински уреди и сродни производи „Johnson & Johnson“, забележа пад на нето профитот во третиот овогодишен квартал од 29,3 проценти, на 3,36 милијарди долари, поради силниот долар во однос на странските валути.

Ваквиот резултат се одрази и на профитот по акција, кој изнесуваше 1,49 долари додека аналитичарите очекуваа дека ќе изнесува 1,45 долари, пренесува АФП.

Компанијата истовремено ја намали годишната проценка за промените на вредноста на акциите во опсег од 6,15 до 6,20 долари по акција, наспроти претходно предвидениот опсег од 6,10 до 6,20 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП