10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖителите на Долно Лисиче ќе плаќаат двојно помали комуналии за градење

Жителите на Долно Лисиче ќе плаќаат двојно помали комуналии за градење

долно-лисицхе

Жителите на Долно Лисиче и на реонот на патниот правец што ги поврзува Горно и Долно Лисиче, од среда ќе плаќаат пониски давачки за комуналии за градби.

Имено, на иницијатива на градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, Советот на Општина Аеродром во вторник на својата 41-ва седница донесе Одлука за намалување на висината на надоместокот за градби во Долно Лисиче и во реонот на патниот правец што ги поврзува Горно и Долно Лисиче, кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план на Град Скопје, за 50 проценти.

Тоа значи дека досегашните комуналии, кои се движеа од 40 до 50 евра во денарска противвредност во зависност од намената на објектот во согласност коефициентот на уредување на градежното земјиште, ќе се намалат на 24 до 25 евра.

„Целта на намалувањето на комуналиите е да им се олеснат давачките на граѓаните и да се привлечат нови инвестиции во тој дел на Општина Аеродром“, велат од Општина Аеродром.

Намалувањето на надоместокот за градби се однесува на територијата на Долно Лисиче, односно на руралното подрачје надвор од опфатот на ГУП, во согласност со надлежностите на Општина Аеродром што произлегуваат од Законот за градење, а тие се пропишани и во Програмите за уредување на градежно земјиште кои општината ги изготвува на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП