28 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОИма надеж за македонскиот фудбал, младите фудбалери славеа победа во Северна Ирска

Има надеж за македонскиот фудбал, младите фудбалери славеа победа во Северна Ирска

aac

Македонската репрезентација до 21 година ја совлада Северна Ирска на гостински терен во натпревар од третиот круг од квалификациите за Европското првенство.

Со победата од 2:1 го остваривме вториот триумф од три меча во циклусот за пласман на континенталниот шампионат.

Иако по првите 45. минути губевме со 1:0, во вториот дел преку головите на Барди и Маркоски направивме комплетен пресврт. Ова е втор триумф во овие квалификации по оној над Украина на домашен терен, и со шест бода во моментов се наоѓаме на втората позиција.

Македонија беше далеку подобар противник и доминираше во текот на целиот натпревар. Имавме четири одлични шанси за гол преку Барди, два пати се обиде Висар Муслиу, а Даниел Аврамовски ја погоди и стативата со удар со глава во минута. Казната за пропуштените прилики стигна две минути пред полувремето кога Џош Доерти погоди со глава по корнер за противникот.

Во продолжението веднаш израмнивме, нововлезениот Виктор Ангелов му асистираше на Енис Барди за израмнување во 46. минута. Шанса за целосен пресврт имаше Бобан Николов во 53. минута, но неговиот удар заврши над голот. Висар Муслиу имаше и трета шанса за гол но, немаше среќа да се радува на гол. На 10. минути до крајот на дуелот, Македонија уште еднаш ја погоди стативата од голот овој пат шутираше Давид Банунски. Пресвртот го направи Кире Маркоски во 85. минута од натпреварот и донесе заслужена победа за Македонија.

aaa

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски не го криеше задоволството по големиот триумф против Северна Ирска во квалификациите за Европското првенство. По пауза од три години македонската младинска репрезентација триумфираше на гостински терен. Ја совладавме Северна Ирскасо 2:1.

-Честитки до фудбалерите. Уште еднаш покажаа како треба да се однесуваат сите кои го носат националниот дрес. Бевме доминантни, резултатот не го покажува тоа што реално се случуваше на теренот. Погодивме три стативи, две во првото и пречка во второто полувреме, а создадовме и три сто отстотни шанси за гол. Тоа само покажува колку квалитетно го одигравме натпреварот, иако не победивме со поголема разлика. Ме радува и горд сум на тоа што играчите извлекоа поука од првиот натпревар со Исланд. И сега примивме наивен гол по прекин и промашивме неколку шанси за водечки погодок, но за разлика од натпреварот против Исланд покажавме карактер, тргнавме уште посилно, создававме прилики за гол и на крајот ја исполнивме целта, изјави Благоја Милевски.

aab

Во следното коло Македонија игра на домашен терен против Франција на 15 ноември оваа година.

МАКЕДОНИЈА:Алексовски, Мусли, Зајков, Мурати, Демири, Барди, Николов, Аврамовски (Ангелов 45’), Бабунски (90’ Мустафов), Радески (89’ Костадинов), Маркоски

Репрезентација до 21 година: КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП (ГРУПА 3)

С. Ирска – МАКЕДОНИЈА 1-2

Франција – Украина 2-0

Шкотска – Исланд 0-0

 

ТАБЕЛА: Исланд (5 натпревари) 11 бода, МАКЕДОНИЈА (3) 6 бода, Франција (3) 6 бода, Шкотска (3) 4 бода, С. Ирска (3) 1, Украина (3) без бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП