16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарците се повторно најбогати во светот

Швајцарците се повторно најбогати во светот

LUZERN, SWITZERLAND - AUGUST 01:  A flag waver brandishes a Swiss flag  during the Ruetli celebrations on August 1, 2007, near Luzern, Switzerland. Every year the reenactment of the forming of the Old Swiss Confederacy is performed on the Ruetli meadow during the Swiss National Day, Switzerland's day of independence. Due to the appearance of neonazis which impeded and disturbed speeches in 2005, in the 2006 celebration strict controls were enforced,  only registered people could get a ticket to the Ruetli.  (Photo by Johannes Simon/Getty Images)

Просечното богатство по глава на жител на глобално ниво во периодот од половината на 2014 до половината на 2015 година се намали за 6,2 проценти, на 52.400 долари во однос на истиот период една година претходно, се наведува во извештајот на Global Velt 2014, изработен за потребите на банката Credit Suisse.

Швајцарците и понатака остануваат најбогатите во светот според просечното богатство по жител без оглед на годишниот пад од 4,2 проценти, односно 24,800 долари на 567,000 долари.

На второто место е Нов Зеланд но со далеку помало просечно богатство во однос на првопласираната Швајцарија, кое изнеусва 400.800 долари по жител.

На третото место е Австралија со просечно богатство по глава на жител од 369.000 долари, се наведува во годишниот, шести по ред извештај. Четвртата позиција ја зазема САД со 353.000 долари.

Франција, со богатство од 262,000 долари по глава на жител и Белгија со 259.000 долари го затвораат кругот со десет најбогати земји на светот. Швајцарија е единствена земја во групата од десет најбогати земји која не успеа да ја намали нееднаквоста меѓу населението. Во Швајцаирија живеат 1,7 проценти од најбогатите луѓе на светот, што е голем процент имајќи во предвид дека во неа живеат само 0,1 проценти од светската популација, се наведува во студијата.

Без оглед што во САД е забележан најголемиот годишен раст на богатството по жител, Кина сега има најбројна средна класа во која спаѓаат 109 милиони граѓани на Кина, пренесува швајцарскиот весник 24 часа. Под поимот богаство аналитичарите на оваа студија подразбираат вредност на финансиските средства како и реалните средства (пред се недвижнини) намалени за износот на евентуалните долгови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП